Путин нареди масовна воена вежба во источниот дел на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се организира ненајавена воена вежба во источниот дел на Русија за проверка на воената подготвеност на безбедносните сили. Медиумите јавуваат дека ова е една од наголемите воени вежби кои деновиве се изведуваат од ваков вид во рускиот постсоветскиот период. Во воената вежба се вклучени поморските сили, единицата за ракетна одбрана, старетези, пешадиски и оклопни единици. Путин најавил дека е можно и самиот лично да учествува во воената вежба.