Лавров - Не контактираме со Сноуден

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

За да добие политички азил во Русија, барањето на Едвард Сноуден според рускиот закон, треба да оди преку специфични процедури. Првиот чекор во овој процес е да се направи формална жалба до Федералната служба за миграција, објасни денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој даде изјава на аеродромот во Киргистан, запрашан за случајот Сноуден. Лавров рече дека тие како власт не се во контакт со Сноуден и за прашањата за кои Сноуден разговарал вчера со активистите за човекови права бил информиран од медиумите, како и секој друг човек.

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин разговараа по телефон за Едвард Сноуден. Повикот доаѓа откако претходно Белата куќа ја предупреди Русија дека со давањето на азил на Сноуден ќе му даде „основа за пропаганда“. Сноуден вчера објави дека повторно база азил во Русија.