Сноуден на средба со адвокати и активисти за човекови права

Сноуден побара азил во неколку земји - Русија го услови барањето со прекин на објавување на штетни информации за САД

Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден се среќава со руски активисти за човекови права и адвокати на московскиот аеродром. Средбата се случува во транзитната зона на објектот каде Сноуден е заглавен по пристигнувањето од Хонг Конг на 23 јуни. Пасошот на американецот е поништен а Соединетите држави бараат екстрадиција на 29 годишниот хакер кој објави тајни информации за американските надзорни програми. Состанокот е затворен за јавноста а предвидено е Сноуден подоцна да даде изјави за медиумите.