Одбиено барање за истрага за смртта на поранешен агент на КГБ

Александар Ливитенко во 2004 година - британските власти наводно имаат докази дека руските власти се инволвирани во неговото труење

Британски медицински вештак вели дека трет пат му било одбиено барањето за јавна истрага на смртта на поранешниот руски шпион Александар Ливитенко. Поранешниот агент на КГБ и анти-Кремљ дисидент почина во Лондон во 2006 година од труење со полониум. Вештакот Роберт Овен побара јавно сослушување за случајот поради недостиг на клучни докази со кои се укажува на инволвираност на руски државници во инцидентот.