Регистриран рекорден скок на американските берзи

Американската берза постигна рекорд откако Федералните Резерви на САД дадоа гаранции дека нејзините напори за зајакнување на економијата ќе продолжи. Индустриски индекс на Дау Џонс се покачи за 1 насто, додека индексот 500 на Стандард и Пурс се покачи за 1,3 проценти во однос на минатиот месец, кој исто така беше рекорден.
Станува збор за реакција на инвеститорите на продолжувањето на програмата на американската централна банка на програмата на купување обврзници, која според шефот на ФЕД Бен Бернанке, е потребна уште во некое време.