Осуда за пресудата на рускиот адвокат Сергеј Магнитски

Беџови со ликот на Сергеј Магнитски

САД, ЕУ, како и руските и американските организации за човекови права ја осудија постхумната осуда за даночни затајувања на рускиот адвокат Сергеј Магнитски. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека Вашингтон бил разочаран и го нарече судењето дискредитација на напорите на оние кои продолжуваат да бараат правда во случајот.
Литванскиот претседател Далиа Грибаускаите чија земја претседава со ЕУ изјави дека актот го покажува степенот на прекршувањето на човековите права во Русија.