Обама ги разгледува опциите за Авганистан

Американскиот преседател Барак Обама

Специјалниот претставник на САД за Авганистан и Пакистан Џејмс Добинс изјави дека американскиот преседател Барак Обама се уште ги разгледува сите опции за присуството на силите на земјата во Авганистан по 2014 година. Според него, Авганистанците сакаат американската војска да остане во земјата.
Сегашните планови предвидуваат мала група на американската војска да остане во Авганистан по повлекувањето на странските сили во наредната година. Но, Белата куќа ја сотави отворена можноста сите американски војници да бидат повлечени.