Се очекува пресуда за случајот Магницки

Мајката на адвокатот Магницки, Наталија Магницкаја

Судот во Москва треба да ја изрече пресудата за даночна измама во случајот против починатиот адвокат Сергеј Магницки. Ова е прв пат Русија да му суди на мртов човек. Адвокатот Магницки почина во 2009 година по 11 месеци во руските затвори. Тој беше уапсен за даночно затајување во 2008 година, откако откри масовни кражби на државниот имот од страна на руски официјални лица.
Почина во затвор откако наводно, бил претепан и одбил лекарски третман.
Неговото апсење и смрт предизвикаа меѓународни негодувања со САД, односно забрана за влез на руски официјални лица вклучени во Магницки случајот. Обвинителите побараа од судот да го отфли случајот против Магницки и да го казни неговиот поранешен шеф, Вилијам Броудер кому му се суди во отсуство.