Јункер пред оставка?

Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер најави дека денеска ќе ја понуди оставката на својата влада и ќе распише предвремени избори. Тој е премиер на Луксембург од 1995 година, што претставува најдолог мандат на еден претседател на влада во Европската Унија. Јункер се одлучил на овој чекор бидејќи неговиот коалиционен партнер во Владата ја повлече поддршката и побара од Јункер самиот да ја сноси политичката одговорност за стариот скандал на тајните служби кои ги шпиунирале локалните политичарио. Јункер го демантираше учеството во тој случај.