Владата нема да го коментира името додека Грција молчи

Владата на Република Македонија согласно принципите и јавно искажаните ставови, и со цел да не се наруши процесот и да не се влијае на позициите во разговорите, нема јавно да коментира или шпекулира за детали и аспекти на процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение околу отвореното прашање со Грција кој се води под покровителство на Обединетите Нации, соопшти денеска владината прес-служба. „Со оглед на фактот оти грчката страна се уште се нема произнесено по идеите на медијаторот, и имајќи ја предвид негативната кампања која што се јави во Грција непосредно по презентацијата на последните идеи на Нимиц, Владата цели дека нема потреба од јавна дискусија по идеите“ се наведува во соопштението.