Прв судски случај против сајбер криминал во Таџикистан

Тројца млади жители на Таџикистан се уапсени во првиот кривичен случај против хакери во земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничените се обвинети за упад во компјутерската мережа на компанијата Индиго – Таџикистан, која е керка компанија на шведскиот мобилен оператор Телиа Сонера. Властите велат дека хакерите украле информации од серверите со кои сакале да дизајнираат лажни сим картички. Штетата се проценува на 150.000 американски долари.