Почина млад демонстрант во Турција

Деветнаесет-годишен демонстрант, кој бил претепан од непознати лица минатиот месец за време на протестите во Турција, денеска им подлегна на повредите. Али Исмаил Коркмаз се обидувал да побегне од полицискиот напад со солзавец, кога бил претепан од засега непознати лица на 2 јуни. Студентот е четвртиот демонстрант кој е жртва на повеќе од едномесечните протести во Турција. Еден полицаец исто така загина а десетици луѓе беа сериозно повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата.