„Хјуман Рајтс Воч“ со писмо до Груевски за нападите на ЛГБТИ центарот

Македонската влада треба да спроведе истрага за серијата на анти – ЛГБТИ напади во јуни и јули годинава, се наведува во писмото на меѓународната организација за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“ до премиерот Никола Груевски. Во последниот од неколкуте напади, непознати лица се обидоа да го запалат центарот за подршка на ЛГБТИ заедницата во стара чаршија, откако објектот го посетија претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Дипломатите исто така побараа да се спроведе истрага против лицата кои на неколку наврати ги кршеа канцелариите.

„Анти-геј хулигани ги напаѓаат луѓето кои подржуваат еднаквост по основ на сексуална ориентација и полов идентитет а македонската влада навидум е слепа за инцидентите“ изјави Борис Дитрич, директорот на оделот за подршка на ЛГБТИ заедницата во меѓународната организација. „Ниту еден владин службеник јавно не се спротистави на нападите со што ЛГБТИ лицата стануваат се поранливи од насилство и дискриминација“ додава претставникот на организацијата.