Издаден налог за апсење на шефот на Муслиманското братство во Египет

Египетското јавно обвинителство наредило апсење на лидерот на исламистичкото движење Муслиманско братство, јавуваат медиумите, повикувајки се на извештаи на државните медиуми. Мохамед Бадие се товари за предизвикување на насилствата во Каиро во петокот во кои загинаа над 50 лица. Повеќемина од убиените се подржувачи на екс-претседателот. Муслиманското братство го нарече инцидентот масакар во изведба на војската, додека од армијата тврдат дека вооружени терористи пукале кон толпата која се движела кон воени бараки. Информацијата следи по одлуката на вршителот на премиерската функција за формирање на нов владин состав, по отстранувањето на исламистичкиот лидер Мухамед Морси.