Сеул и Пјонгјанг разговараат за реотворање на Каесонг

Официјални претставници на Северна и Јужна Кореја денеска одржуваат состанок на кој разговараат за повторно отворање на индустрискиот комплекс Каесонг кој се наоѓа во близина на меѓусебната граница. Комплексот беше затворен во април, по зголемените тензии откако Пјонгјанг во февруари изврши нуклеарна проба. За време на викендот беше постигната согласност за продолжување на неговата работа, а тема на денешниот состанок е како да се направи тоа.
Каесонг е комбинација од јужнокорејска технологија и и евтина работна сила од Северна Кореја. Претставници на Јужна Кореја денеска го посетија комплексот во инспекција на опремата.