Неизвесно дали ќе се повлечат сите американски војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама не донесол одлука за тоа дали и колку американски војници ќе останат во Авганистан по 2014 година, кога ќе се повлечат повеќето трупи од таа земја. Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека меѓу сценаријата кои ги разгледува Обама е и т.н. „опција нула“, односно сите војници да бидат повлечени. Тој истакна дека за бројноста на американското присуство во Авганистан по 2014 година ќе биде преговарано со владата на таа земја.
Овој коментар доаѓа по информациите во медиумите дека САД разгледуваат комплетно повлекување на трупите идната година, по тензиите меѓу администрацијата на Обама и владата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.