Авганистан демантира дека американците комплетно ќе се повлечат од земјата

Портпаролот на авганистанскиот претседател ги демантираше медиумските извештаи за експедитивно повлекување на сите американски војници од Авганистан до 2014 година. Текстот во „Њујорк Тајмс“, според Аимал Фаизи, е наменет за вршење притисок врз авганистанските власти. Според него, прашањето за повлекување на американските војници никогаш не било покренато на заедничките состаноци меѓу претставници од Вашингтон и Кабул.