Убиен осомничен бомбаш самоубиец во Иран

Иранските безбедносни сили застрелале осомничен бомбаш самоубиец. Иранските новински агенции јавуваат дека инцидентот се случил во јужниот град Чабахар утрово. Полицајците го следеле осомничениот кој влегувајки во полициска станица почнал да пука кон персоналот. Напаѓачот бил застрелан во престрелката а властите соопштија дека кај него биле пронајдени експлозиви и граната.