Екс-директорот на нуклеарката Фукушима почина од рак

Човекот кој беше одговорен за нуклеарната централа во Фукушима во 2011 година, кога објектот беше оштетен од цунами брановите, почина од рак. Претставниците на компанијата за електростопанство во Токио потврдија дека 58 годишниот Масао Јошида починал од рак на хранопроводникот во четвртокот. Тој беше на работа во нуклеарката на 11 март 2011 година кога силниот земјотрес предизвика цунами бранови кои ја оштетија централата, предизвикувајки високи нивоа на нуклеарно зрачење. Јошида беше поздравуван како херој по одлуката да остане во објектот и да ги координира спасувачките напори и активностите за стабилизирање на оштетениот реактор.