ЕУ со приговор против Русија за давачките при увоз на автомобили

Русија ќе се соочи со првиот трговски проблем во рамките на Светската трговска организација од нејзиното зачленување пред една година. Европската Унија денеска ќе вложи протест против рускиот закон со кој се воведуваат давачки за странските автомобилски производители за рециклирање на возилата продадени во Русија. Европската Унија смета дека ваквиот закон е дискриминирачки и треба да биде корегиран, односно, давачки за рециклирање да плаќаат еднакво и странските и домашните производители на автомобили.