Избори во Египет до крајот на годинава

Привремениот египетски лидер Адли Мансур постави временска рамка за нови избори до крајот на годината.Тој изјави дека изборите ќе се оддржат откако амадманите на суспендираниот устав ќе бидат одобрени на референдум. Уставот беше суспендиран минатата недела откако армијата го отстрани од власт претседателот од муслиманското братство Мухамед Морси по оддржаните масовни протести против неговото владеење. Веста за изборите доаѓа откако најмалку 50 луѓе загинаа во понеделникот во главниот град Каиро при масовните протести кои станаа насилни. Демонстрантите кои се поддржувачи на Морси и бараат негово ослободување од притвор, тврдат дека армијата отворила оган врз нив, додека војската тврди дека само одговорила на вооружена провокација. САД ја повика армијата да покажае максимална воздржаност.