Осуммина убиени во бомбашки напади во Пакистан

Најмалку осум лица загинаа во бомбашки напади во пакистанската провинција Хубер Пахтунква. Властите соопштија дека шестмина загинале а најмалку 11 лица се повредени во напад на бомбаш самоубиец кој со моторот удрил во возило на про-владин локален водач. Во вториот инцидент загинале двајца полицајци кои се обидувале да деактивираат експлозивна направа. За сега никој нема превземено одговорност за нападите, но постојат сомненија дека талибанските милитанти стојат зад инцидентите.