Руската полиција приведе 250 осомничени илегални мигранти

Повеќе од 250 осомничени илегални имигранти од Виетнам се приведени во Москва. Руските власти соопштија дека во акцијата било пронајдено и оружје во фабрика каде мигрантите живееле и шиеле облека. Станува збор за прва акција на руската федерална агенција за миграција во која се пронајдени пушки. Минатиот месец полицијата во Москва приведе 1.400 илегални мигранти од Азија кои живееле во импровизирано село.