Груевски чека одговор, Шекеринска дискутира за евроинтеграциите во Лондон

Инициравме поинтензивен дијалог, испратив писмо до грчкиот премиер, се уште нема одговор, но се надевам дека ќе биде позитивен, истакна премиерот Никола Груевски по средбата во Вилнус со неговиот литвански колега Алгирдас Буткевичиус. „ Ако има позитивен одговор и ако започнеме со интензивен дијалог можеби постојат шанси да се дојде до решение бидејќи до решението може да се дојде само преку дијалог, а ако нема дијалог нема решение“ вели Груевски додавајки дека Македонија ги има исполнето потребните критериуми да ги започнеме преговорите уште во 2009 година.

Евроинтеграциите на земјава се тема на дискусија и на средбата меѓу потпретседателот на опозициската СДСМ Радмила Шекеринска и Лорд Џорџ Фулкс, член на Комитетот за ЕУ и поранешен гувернер на Вестминстер фондацијата за демократија.Двајцата разговарале и за состојбите во регионот и Европската унија. Во рамки на повеќедневната посета на Велика Британија, Шекеринска оствари средби во Министерството за надворешни работи, Лабуристичката партија и Социјалистичката интернационала.