Најмалку 13 турски новинари повредени во саботата на Таксим

Најмалку 13 новинари беа повредени од полициски палки, пластични куршуми и солзавец од страна на турската полкиција при растурањето на саботните демонстрации на плоштадот Таксим во Истанбул, што наиде на силна осуда на Синдикатот на турските новинари.
Над 80 граѓани при тое беа притворени.
Синдикатот наведе дека и голем број од новинарите се принудени за време на митинзите и судирите да носат маски, поради употребата на солзавец од страна на полицијата за растурање на демонстрантите.