Русија: патнички воз излетал од шините, 75 повредени

Најмалку 75 лица биле повредени кога патнички воз излетал од шините во јужната руска област Краснодар. Локалните власти соопштија дека 16 од нив биле хоспитализирани поради тешки повреди. Пет локомитиви од возот Новосибирск-Адлер излетале од шините и се превртиле на страна.