„Азијана Еарлајнс“: пилотот на урнатиот авион бил сеуште на обука

Јужнокорејската компанија „Азијана Еарлајнс“ објави дека пилотот на авионот кој се урна во Сан Франциско бил сеуште во фаза на обука за управување со Боингот 777. Во несреќата која се случи во саботата загинаа двајца кинески тинејџери а имаше и голем број сериозно повредени.
Податоците од снимките покажуваат дека екипажот се обидел да го прекине слетувањето само 1,5 секунда пред тој да се урне. Одборот за национална безбедност објави и дека екипажот се обидел да ја зголеми брзината на авионот неколку секунди пред ударот.