ЕУ и САД ќе разговараат за слободна трговска зона

ЕУ и САД ќе ги отворат разговорите за создавање на најголемата светска трговска зона. Разговоритре се очекува да започнат денеска, и се случуваат паралелно со настаните околу откривањето на податоците за следење на интернет и телефонските комуникации во дипломатски претставништва на ЕУ од страна на разузнавачот Едвард Сноуден. Се очекува дека во Вашингтон ќе бидат ставени на маса и овие загрижености од страна на ЕУ. Трговијата меѓу САД и ЕУ изнесуваше 500 милијарди евра во 2012 година. Преговорите имаат за цел да се отстраната бариерите за трговија и инвестиции меѓу двете сили и да се постигне договор до крајот на 2014 година.
Што се однесува до Сноуден , тој најверојатно се наоѓа сеуште во транзитниот простор на меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва. Азил му понудија неколку латиноамерикански држави. Кубанскиот претседател Фидел Кастро вчера рече дека го поддржува понудениот азил од страна на Венецуела, Боливија и најверојатно Никарагва, но не рече и дали Куба ќе го направи истото.