Авганистан: загинаа 14 војници и десетици талибански милитанти

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека 14 авганистански војници и десетици талибански милитанти се убиени низ целата земја во изминативе 24 часа. Авганистанската армија и полиција кои ја презедоа целосната одговорност за безбедноста во земјата од НАТО минатиот месец, загубија над 900 припадници оваа година.