Северна и Јужна Кореја го рестартираат заедничкиот индустриски парк

Северна и Јужна Кореја во основа се договорија околу отворањето на нивниот заеднички индустриски парк кој беше затворен три месеци поради зголемените тензии на полуостровот. Договорот за отворање на индустрискиот комплекс Кисонг се постигна вчера, по 16 часа преговори.Комплексот кој е лозиран на 10 километри северно од границата е најголем извор на средства за Северот и ефтина работна сила за јужните индустрии. Тој беше затворен откако Пјонгјанг ги повлече своите 53 000 работници во април годинава.