Египет: Ел Барадеј не е официјално назначен за премиер?

Портпаролот на претседателството на Египет рече дека Мохамед ел Барадеј не е официјално назначен за премиер. Изјавата е спротивна на претходните информации дека поранешниот шеф на надзорното тело за нуклеарно оружје на ООН бил назначен за премиер. Портпаролот сега вели дека времениот претседател, Адли Мансур во саботата се сретнал со Барадеј но дека немало официјално назначување. Портпаролот Ахмед Мосаламани сепак додаде и дека „Нобеловата награда за мир е логичен избор за премиер“.
Партијата Нур, која е второ најголемо исламистичко движење во Египет соопшти дека се против Ел Барадеј и се закани дека ќе ја повлече својата поддршка за војската која го собори Морси.
Белата Куќа пак соопшти дека не е усогласена со ниедна партија или политичка група во Египет по соборувањето на Морси. Утринава Пентагон соопшти и дека американскиот секретар за одбрана, Чак Хагел трет пат по ред до сега разговарал со шефот на генералштабот на Египет, Абдел Фатах ал Сисиј при што му рекол дека на таа голема арапска земја и треба „мирна цивилна транзиција“.