Бартоли победник на женското финале на Вимблдон

Марион Бартоли од Франција ја победи Сабине Лисицки од Германија и со тоа го освои женското финале на Вимблдон. Натпреварот меѓу пониско рангираните, 15-тата Бартоли и 23-та Лисицки се случи откако познатите шампионки во тенис беа елиминирани во претходните рунди.