Во напад во Нигерија убиени 42 лица


Четириесет и две лица загинале денеска во вооружениот напад во еден интернат во североисточниот дел од Нигерија а се верува дека напаѓачите се припадници на исламистичката група Боко Харам, соопштиле медицински извори. Иако од мај месец кога во три нигеријски држави е прогласена вонредна состојба се распоредени стотици припадници на воените сили, безбедноста е сеуште на незавидно ниво. Од 2010 година во нападите на исламистичките екстремисти во Нигерија, убиени се 1600 лица.