На својот 78 роденеден, Далај Лама повика на љубов и сочувство како пат кон мирот

Илјадници Тибетанци денеска танцуваа и вееаја знамиња додека децата пееја молитви на Тибетанскиот универзитет на прославата на 78 роденден на Далај лама. Во својот говор по меѓуверскиот состанок, тибетанскиот духовен водач повика на љубов и сочувствување како пат кон мир во светот.Тој рече и дека 150 000 Тибетанци кои живеат во странство претставуваат „шест милиони Тибетанци(во Кина) кои немаат никаква слобода или прилика да ги изразат своите чувства.
Далај Лама се наоѓа во азил од 1959 година. Пекинг го обвинува за сепаратизам додека тој зборува дека се залага за автономија под кинеската влада.