СЕ побара истрага за прекумерната употреба на полициска сила во текот на протестите во Турција

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муизниек зa време на денешната посета на Турција побара истрага за претераната употреба на полициска сила во текот на антивладиите протести во Турција минатиот месец.
Неговата посета следува по протестите против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во јуни кога околу 2,5 милиони луѓе излегоа на протести на улиците.
Четири луѓе загинаа и 8.000 беа повредени при насилното растурање на демонстрациите кои почнаа по протест во паркот Гези во Истанбул, но подоцна се претворија во национален протест против Владата.