Јемен: во екслозија на бомба загинале двајца војници

Двајца војници загинале а двајца се ранети во експлозијата на бомба поставена под нивниот автомобил во Јемен, соопштија безбедносни извори од таа земја. Во екслозијата која се случила недалеку од полициски пункт, повреден е иден случаен минувач. До сега никој нема преземено одговорност за нападот. Огранокот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен има изведено повеќе слични напади против припадниците на безбедносните сили и настојува да го симне од власт преседателот Абед Рабо Менсур Хади.