Кипар:кривична истрага за банкарската криза

Кипарските власти одлучија да почнат истрага во врска со економската криза која го примора Кипар да побара меѓународен пакет помош и реорганизација на банкарскиот сектор.
Државниот обвинител Петрос Клеридес изјави дека кривичната постапка ќе се фокусира на периодот од 2006 до 2013 година и прекршоците на поединци кои се потенцијално одговорни за економската криза.
Во рамки на постапката ќе се истражува трансфер на средства од кипарската банка Лаики во Грција, отпис на заеми, неетичко продавање банкарски обврзници, купување ризични грчки должнички хартии од вредност од страна на Лаики банката и Централната банка на Кипар