САД:неуспешен тест на систем за ракетна одбрана

Американски воени претставници рекоа дека тестирањето на системот за ракетна одбрана над Пацификот не успеало. Ова беше трет неуспех на системот,. Последниот успешен тест се случи во 2008-та година. Агенцијата за ракетна одбрана соопшти дека копнениот пресретнувачки проектил бил лансиран во петокот од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија. Тој ја пропуштил својата цел, проектил, кој бил лансиран од базата Атол Квајалејн, на Маршалските острови, на оддалеченост од над 6400 километри. Во соопштението се вели и дека ќе биде спроведена обемна истрага за причините за ваквите аномалии.
САД во моментов имаат 26 пресретнувачи на Аљаска и четири во воздухопловната база во Ванденвберг чија цел е обезбедување од заканите од Северна Кореја.