Бугарскиот претседател предлага предвремени избори

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев се заложи за одржување предвремени избори како единствен демократски излез од актуелната политичка криза во земјатаво услови на тринеделни антивладини протести. Конечната одлука за изборите ја носи Парламентот. Плевнелиев во телевизиско обраќање до јавноста изјави дека растечките тензии во Бугарија ќе придонесат за создавање на опасни поделби. Владата на премиерот Пламен Орешарски стапи на власт по предвремените избори на 12 мај, кои се одржани по оставката на тогашниот премиер Бојко Борисов. Протестите се организираа како реакција на именувањето на медиумскиот тајкун за шеф на безбедносната служба, кој во меѓувреме се повлече, но прераснаа во демонстрации против владата и политичарите.