Обид за палење на ЛГБТИ центарот во Стара Чаршија

ЛГБТ Активисти во Скопје

Непознати лица се обиделе да го запалат ЛГБТ центарот во Стара чаршија, јавуваат медиумите. Според извештаите, со бензин биле потпалени штиците на покривот. Станува збор за втор инцидент во врска со организацијата за подршка на сексуалните малцинства, откако пред 40 дена маскирани лица го нападнаа седиштето на невладината и повредија полицаец. Вчера претставници на дипломатскиот кор го посетија центарот и побараа расчистување на инцидентите. Тие повикаа на јавна осуда на насилството против мировните организации.