Двајца загинати во бомбашки напад во Авганистан

Двајца загинаа во напад на бомбаш самоубиец на фреквентен граничен премин во југот на Авганистан, покрај пакистанската граница. Шефот на полицијата во провинцијата Кандахар Абдул Разик изјави дека бомбашот ја активирал експлозивната направа на полицискиот пункт во градот Спин Блодак, откако допатувал од Пакистанскиот пограничен град Чаман. Во инцидентот загинале еден полицаец и цивил. Шестмина цивили и двајца полицајци се повредени.