Муслиманското братство најави масовни протести во Египет

Египетското Муслиманско братство за денеска закажа масовни протести против соборувањето на нивниот лидер и претседател на Египет Мохамед Морси, од страна на армијата и против притворањето на неколкумина членови на тоа движење. Армијата соопшти дека нема да ги спречува протестите се додека тие се одвиваат мирно. Муслиманското братство најави и дека ќе го бојкотира дијалогот на кој повика привремениот претседател Адли Мансур. Египетската армија го притвори Морси и го држи на непозната локација по неколкудневните масовни протести и контра-протести во Египет, кои доведоа и до судири и десетици жртви.