Британскиот парламент расправа за референдум за членството во ЕУ

Британскиот парламент се очекува денеска да дебатира за предлогот за одржување референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија. Ова ќе биде второ читање на законот со кој е предвидено реферндумот да биде одржан во 2017-та. Британскиот премиер Дејвид Камерон го подржува одржувањето на референдумот и тој ќе биде спроведен доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите во 2015-та. Конзервативците, но и други британци сметаат дека Европската Унија е преобемна и прескапа бирократска институција и е закана за британскиот суверенитет.