Дачиќ - Србија сака да биде следната земја што ќе влезе во ЕУ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ вчера изјави дека целта на Србија е да биде следната земја што ќе влезе во Европската унија. По средбата со известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, Дачиќ истакна дека нема време за чекање и оти следната недела ќе продолжи дијалогот со Приштина во Брисел. Тој ги најави и посетите на Белград на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон на 9 јули и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе на 17 јули.

„Србија ќе продолжи со внатрешните реформи и примена на Договорот од Брисел и ако сè се одвива според планираното, Србија може да очекува дека ќе се движи со брзи чекори“, посочи Дачиќ.