Временска прогноза - Претпладне сончево, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи и тоа главно околу планинските предели. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура се движи од девет до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 30 степени.

И во деновите од викендот во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.