Светот реагира на соборувањето на Морси

Во Каиро се слави соборувањето на Морси

Веднаш по веста за соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси доаѓаат реакции од целиот свет. Саудискиот крал Абдула му честиташе на главниот судија на Уставниот суд, Адли Мансур, кој е прогласен за привремен лидер на Египет. Катар и Обединетите Арапски Емирати изразија задоволство од веста за соборувањето на Морси. Сирискиот претседател Башар ал-Асад оцени дека пресвртот во Египет е пораз за политичкиот ислам. Американскиот сенатор Патрик Лихи го нарече Морси „големо разочарување“ за неговиот народ и рече дека египетскиот лидер пропуштил историска шанса. Тој изрази задоволство што војската вети дека нема да владее со земјата на долг рок.