Кежаровски дневно добива само по 20 минути на свеж воздух

Приведениот новинар Томислав Кежаровски на народниот правобранител му се пожалил дека дневно има право по 20 минути да излегува на воздух, покрај законски дозволените два часа. Тој по судска одлука е во притвор поради напишан текст во кој наводно открил заштитен сведок. Покрај оствареното правото да купува дневни весници, Кежаровски ги добивал публикациите со еден ден задоцнување. Заменик – народниот правобранител Трипун Танушевски денеска се сретна со претставниците на Иницијативниот одбор на новинари за ослободување на кежаровски и им кажа дека притворениот колега е во добро здравје, пренесуваат македонските медиуми.