Франција бара одлагање на преговорите за трговија со САД

Франција побара одлагање на преговорите за трговија со Соединетите американски држави, во услови на тензии поради наводно американско следење на европските комуникации. Портпаролот на француската влада Нажа Белкацем рече дека со одлагањето би се избегнало било каква контроверзија. Таа додаде дека со одлагањето, на САД би им се дало време да ги достават документите за наводното шпионирање.