Новиот ирански претседател контра државниот интервенционизам

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани побара од владата и моќниците во земјата да не се мешаат во животите на жителите на Иран. Рохани во своето телевизиско обраќање побара овозможување на интернет пристап и апелираше до државните медиуми да известуваат за секојдневниот живот и проблемите на народот. Минатата недела новоизбраниот шеф на државата предложи умереност во надворешната политика на Иран, преку конструктивна интеракција со надворешниот свет.