23-ца загинати во судирите во Каиро

Политичката криза во Египет се продлабочува со приближувањето на конечниот рок што му го даде армијата на претседателот Мухамед Морси за нејзино надминување. Рокот за компромис со опозицијата истекува денеска попладне, а милиони египјани и натаму протестираат и бараат оставка од Мосри. Во синоќешните судири во Каиро меѓу противиците и приврзаниците на претседателот Морси, загинале најмалку 23 лица, со што вкупниот број загинати од неделата, кога почнаа протестите достигна 39 луѓе. Египетските медиуми јавуваат дека доколку нема брзо решение, армијата ќе спроведе сопствен план.